Кликнете тука за да се вратите на регистрацијата

1.Услови

Ви благодариме за посетата на оваа веб-страница.

Ве молиме, внимателно да ги прочитате условите и одредбите содржани во овој документ бидејќи со секоја употреба на оваа веб-страница се подразбира вашата согласност за прифаќање на условите и на правилата за употреба што се наведени во овој документ.

Со пристапување на оваа страница, вие се согласувате да се придржувате кон условите на користење, на сите применливи закони и регулативи, и се согласувате дека сте одговорни за усогласеност со сите важечки локални регулативи. Доколку не се согласувате со било кој од овие услови, не ја користете оваа страница. Материјалите кои што се содржани во оваа веб-страница се заштитени со законот за индустриска сопственост.

2.Сопственост

Оваа веб-страница е во сопственост КАТ МИСТИ ДООЕЛ Скопје. Сите права во однос на оваа веб страница припаѓаат на КАТ МИСТИ ДООЕЛ Скопје.

3. Заштита на лични податоци

Со регистрирањето на нашата веб страница истовремено изјавувате дека сте запознати со Политиката на приватност на веб страницата www.jato.com.mk

Оваа политика е применлива исклучиво за вев-страницата www.jato.com.mk. КАТ МИСТИ ДООЕЛ не сноси никаква одговорност за прекршувањето на важечките одредби за заштита на личните податоци кои би се појавиле како резултат на користење на веб-страниците чиј линк е објавен на нашата вев-страница.

Сите лични податоци кои ќе ги внесете при регистрирањето на нашата веб-страница ќе се користат исклучиво за намената за која се внесени (плаќање, достава, рекламации и слично).

Податоци од финансиска природа не се чуваат. Останатите податоци податоците кои ги внесувате на веб страната се строго за интерна употреба (координација на нарачаните производи, однос со купувачите и слично.) и истите нема да се прикажуваат на други лица за било кој основ.

КАТ МИСТИ ДООЕЛ нема пристап до финансиските податоци поврзани со трансакциите (број на сметка, кредитна картичка и слично). Истите се процесираат преку овластената Банка со цел наплата за договорената купопродажба. Од своја страна, овластената банка има имплементиран ситурен систем за on-line наплата, со цел заштита на податоците на клиентот. При трансакциите, КАТ МИСТИ дооел добива само информација за успешно извршена уплата.

4. Правила за on-line продажба

Сите информации прикажани на оваа веб страница, вклучувајќи ги цените, спецификациите, достапноста на производите и слично, се исклучиво од информативна природа.

И покрај континуираните напори на уредниците на веб- страницата за што поголема прецизност и ажурност на прикажаните информации, може да се случат грешки, па поради тоа не даваме никакви гаранции во однос на комплетноста, точноста, подобноста за одредена употреба или достапноста на производите и/или услугите кои се понудени на веб-страницата, како и информациите поврзани со нив. Секое потпирање на прикажаните информации е на Ваш сопствен ризик.

Во ниту еден случај КАТ МИСТИ ДООЕЛ не сноси одговорност за штета настаната поради информациите објавени на веб-страницата.

Оваа веб страница апликациите од било каков вид, им се достапни на корисниците "какви што се" без гаранција од било кој вид.

КАТ МИСТИ ДООЕЛ не превзема никаква одговорност за било каква штета причинета од посета на оваа страница или како резултат на таквата посета.

КАТ МИСТИ ДООЕЛ има право, без претходна најава, да направи промени во било кој дел на оваа страница, како и да ја прекине работата на одделни делови на страницата или целата страница во секое време по сопствена одлука.

КАТ МИСТИ ДООЕЛ може да ги промени условите за користење на својата веб-страница во било кое време без претходна најава.

Промената на цените нема да се имплементира на прифатените нарачки. Наведеното се однесува како во случаи на подоцнежно зголемување, така и во случаи на подоцнежно намалување на продажната цена.

Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.

По извршената нарачка, на регистрираната е-mail адреса на купувачот се испраќа соодветна потврда.

Нарачката се смета за потврдена дури по извршувањето на уплатата, од кога започнува да се пресметува и договорениот рок за изработка / испорака.

Купувачот прифаќа дека КАТ МИСТИ дооел има право да задоцни со испораката на нарачаните производи, но не повеќе од 2 работни дена, сметано од крајниот датум наведен на потврдата за нарачката.

Доколку последниот рок за испорака паѓа во ден недела или државен празник, последниот ден од рокот ќе биде првиот следен работен ден.

Доколку Купувачот избере дополнителна услуга – достава – на изработените производи, истите ќе бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.

Доставата на нарачаните проиводи се врши на територијата на Р.Македонија.

5.Усогласеност на бои

Боите на нашите производи кои ги гледате на Вашиот монитор може да се разликуваат од реалните бои на производот. Дури и ако Вашиот монитор е калибриран за специфичен профил на бои, постојат различни фактори кои влијаат на конечниот изглед на боите на испечатените производи. Поради тоа, не можеме стопроцентно да ја гарантираме точноста на боите.

6.Важечкото право

Секоја причина за правна акција или судси процес во врска со веб страницата на КАТ МИСТИ дооел или неговата употреба треба да биде регулиранa во согласност со законодавството на Република Северна Македонија.

7.Достава и рок на испорака

По завршувањето на процесот на плаќање вашите податоци за достава и телефонскиот број за контакт ќе бидат пренесени на доставувачот.Доколку не ве пронајде на адресата за достава, доставувачот ќе го користи за контакт телефонскиот број што вие ќе ни го дадете.

Доколку доставувачот не ве пронајде и на телефонскиот број, ќе бидете конактирани од нашите оператори за договарање на термин за достава.Доколку и вториот обид за достава е неуспешен, пратката ќе биде вратена во нашите простории. Доставата се наплатува согласно ценовникот на логистичкиот партнер.Доставата на производите не вклучува осигурување на производите при транспорт. Доколку купувачот сака да го осигура производот при транспорт, должен е лично да стапи во контакт со логистичкиот партнер.

Рокот на достава на производите кои се на лагер е 4-5 дена. Доколку одреден производ во моментот го нема на лагер , рокот на испорака може да биде подолг од 4 недели.

Одговорноста за транспорт на производите е на терет на логистичкиот партнер од моментот на превземање на производот од нашите простории до моментот на предавање на производот на назначениот примач.КАТ МИСТИ дооел се оградува од одговорноста за сите штети настанати при неправилен транспорт на стоката.

8.Рекламации и рефундирање на стредства

Купувачот е должен при превземање на производите да ги прегледа истите и веднаш при примопредавањето да даде рекламација за евентуалните видливи недостатоци, како и за несогласувањето во количеството на производите.

Забелешките (рекламациите) се евидентираат во примопредавателниот документ (испратница и слично).

КАТ МИСТИ дооел нема да ги признае рекламациите за видливите недостатоци на производите и за неусогласеното количество на истите, кои ќе бидат истакнати од Купувачот по извршеното примопредавање.

За недостаток на производите нема да се смета неусогласеноста на боите (опишана во поглавјето “Усогласеност на бои“ во овој документ, како и несразмерното прикажување на производите ,бидејќи во описот на секој производ е наведена неговата димензија.

КАТ МИСТИ дооел ќе ги прифати уредно пријавените и основани рекламации на купувачот. Во случај на прифатена рекламација, КАТ МИСТИ дооел ќе ги отстрани недостатоците во истиот рок кој бил предвиден за испорака.

Доколку купувачот смета дека производот е нефункционален од одредена причина, има право да го врати истиот во рок од 7 дена од приемот на производот и да бара соодветана замена.

Доколку проблемот со одреден производ не може да се реши со соодветна замена,купувачот може да бара рефундација на средствата, а со тоа купувачот се обврзува да го врати производот некористен, неоштетен и во оргинална амбалажа. Рефундација на средствата не се врши на производ кој е механички оштетен, односно изгребан, скрше, згмечен.

Не се врши рефундација на средствата доколку лицето кое ја вршело нарачката има помалку од 18 години.

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

1. Со оваа Политика за приватност на интернет страницата на Друштвото за трговија и услуги КАТ МИСТИ ДООЕЛ Скопје се уредуваат начините на кои се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетителите на веб страницата www.jato.com.mk (во понатамошниот текст: Веб страница).

2. Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата. Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страници, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.

3. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на КАСИС АД СКОПЈЕ.

4. Посетата на нашата Веб страница и анонимна. Ние ги собираме личните идентификациски информации од посетителите само доколку тие самите се согласат да ги достават таквите податоци до нас преку пополнување на формуларот за регистрација за купување од нашата интернет продавница.

5. Со користење на нашата Веб страница, Вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со оваа Политика, Ве молиме да не ја користите нашата страница.

6. Доколку се регистрирате за онлајн купување, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на Вашата нарачка.

7. При вршење на регистрација, од Вас ќе бидат побарани следниве податоци:

- име и презиме

- e-mail адреса

- адреса за испорака на нарачката и

- телефон за контакт.

8. Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.

9. Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.

10. КАТ МИСТИ дооел ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба.

11. Нашата страница може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

12. Доколку сте регистрирани на нашата Веб страница, врз основа на Ваше писмено барање Вие имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци, да пристапите до Вашите лични податоци и да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.

13. КАТ МИСТИ дооел Скопје го задржува правото во секое време да jа измени или дополни оваа Политика за приватност, за што ќе биде поставено видливо известување на Веб страницата.

14. Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: info@jato.com.mk